ISO Сертификација

Сите сертификати издадени од нас се заверени и потпишани од овластен/сертифициран аудитор/контролор за квалитет

Нуклеус ДОО Сертификацијата ја реализира од ТОП 3 компанијата на светско ниво GCERTI  www.gcerti.com во делот на сертификационите тела, која има преставништва во повеќе од 40 земји низ целиот свет а чии HQ's се лоцирани во USA и South Korea.


Сертификатите на GCERTI се единствените на регионалниот пазар кои се IAF и IAS акредититрани.  Дополнително сертификатите на G-Certi се и  акредитиани и во:
Asia Pacific Laboratory Accreditation Cooperation
International Laboratory Accreditation Cooperation  
Pacific Accreditation Cooperation  
Што ги прави сеопфатни, и признаени во целиот свет. Во тоа се состои и главната предност при избор на GCERTI, како глобална компанија, пред компании со ограничено признание на сопствените сертификати.

ISO9001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барања на системот за квалитет, чија примарна цел е задоволството на корисниците. Управувањето на систем за квалитет ISO9001 важи за сите бизниси, без оглед на видот, големината, организација или производите/услугите, кои се испорачуваат.

Целта на ISO9001 е да обезбеди на квалитет во работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација.

ISO9001 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:

• Определување на Политиката за квалитет;
• Дефинирање на одговорности и овластувања во oрганизацијата;
• Дефинирање на Цели за квалитет;
• Планирање и обезбедување на ресурси;
• Планирање и дефинирање на потребни обуки за персоналот;
• Реализирање на барањата на клиентот
• Контрола на неусогласен производ или услуга;
• Дефинирање на корективни мерки за надминување на неусогласениот производ или услуга;
• Мерење, анализа и подобрување на производот или услугата.
• Подобрување на перформансите на деловните процеси, општо опфаќа јасна дистрибуција за овластување на одговорностите, подобрување на продуктивноста и ефикасноста, скратување на времето на одлучување и производството, континуирано подобрување на процесите и намалување на трошоците во работењето.

Придобивки од воведување на ISO9001:2015

• ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум);
• поголема одговорност и свест на вработените;
• подобрување на статусот на фирмата;
• вреднување и документирање на работните задачи;
• способност за натпревар на иста основа со поголеми организации;
• можност за освојување на нови пазари;
• подобро искористување на времето и ресурсите;
• подобра идентификација на производот или услугата и зголемен профит;
• континуирано подобрување;

Зошто на малите бизниси им е потребен  ISO 9001:2015?

• оптимизација на производствените процеси т.е. намалени трошоци;
• задоволност и намален број на поплаки од клиентите;
• јасна процедура за работните обврски на секој вработен;
• зајакнување на брендот;
• можности за освојување на нови пазари;
• малите бизниси треба да вложат во минимизација на загубите при произведувањето на производот;
• на долгорочен план ќе заштедат финансиски средства со кои ќе можат во иднина да го прошират својот бизнис;
• меѓународно прифакање на сертифициран ISO9001.


Дали воведување ISO 9001:2015 значи и загарантиран квалитет?

• овој стандард се однесува на менаџирање на квалитетот во организацијата, (Quality management system – QMS);
• не се однесува на квалитетот на производот/услугата што ги нуди организацијата, туку на начинот на кој таа управува со процесите;
• организациите кои работат според барањата од ISO9001, бележат намалување на производите/услугите кои не ги исполнуваат барањата за квалитет;
• полесно ги пронаоѓаат причините за нивно појавување, а со тоа и полесно и побрзо отстранување на истите;
• QMS влијае врз квалитетот на производот или услугата;
• зголемени маркетинг и продажни можности.

ISO14001 – Систем за управување со заштита на животна средина

ISO14001 е интернационален стандард кој ги дефинира параметрите кои се неопходни за еден функционален систем за управување со заштита на животна средина. ISO14001 е усогласен со барањата на ISO9001 што дозволува лесно интегрирање со вашиот постоечки систем за квалитет или воведување на двата стандарда во еден интегриран систем за квалитет и животна средина.

ISO14001 претставува  водич како поефикасно да се управува со аспектите на околината во  своите деловни активности, истовремено земајќи ја во предвид заштитата на околината, спречување на загадувањето и друштвено економските потреби. Клиентите во се позначителен број сакаат доказ за посветеноста, и тука е шансата на фирмите да го докажат  искреното  верување  во  зачувување  на околината.

Цели на стандардот ISO14001:2015

• ISO 14001 е насочен кон идентификација и оценка на прашањата врзани за аспектите на животната средина
• да се спречат штетни влијанија кои вилјаат врз животната средина;
• доверба кај потрошувачите дека организацијата има за цел за намалување на потенцијалните ризици од загадувањето, намалување на отпадот, подобри контроли на внатрешните процеси и заштеда на енергијата;
• зголемување на нивото на односот кон граѓаните, локалната самоуправа и централната власт;
одлично се однесува кон животната средина;
• намалување на инцидентите кои имаат одговорност;
• да се превземат соодветни мерки за заштита на животната средина;
• олеснителни околности при добивање на дозволи и овластувања.
• Имплементиран ISO14001 обезбедува постојано подобрување на искористенос на ресурсите на организацијата;
• усогласеност со законската регулатива на РМ од областа на заштита на животна средина;
• препознатливост на вашата организација по напорите кој ги вложува во управувањето со заштита на животната средина;
• влез на најпребирливите пазари на вашите производи;
• поголема доверба во организацијата од страна на сите заинтересирани страни (купувачи, корисници, локално население, вработените, севкупната јавност.)
• подобрување на имиџот на организацијата;
• зголемување на имиџот кај бизнис партнерите.

Придобивки од примената на стандардот ISO14001 меѓународно прифатената норма за Системот на управување со заштита на животна средина ISO 14001 и e голем поттик за репутација на секоја фирма;
со докажувањето на својата вистинска посветеност за зачувување на околината, можете да ја трансформирате својата корпоративна култура така што ќе привлечете нови бизниси или клиенти кои што се еколошки освестени, додека вработените може да развијат етички пристап на работното место;
компатибилноста со ISO 14001:2004, исто така  може на фирмата да и обезбеди подобро искористување на енергијата и ресурсите, како  и намалување на трошоците со текот на времето;
помага да обезбедите согласност со законодавството  за зачувување на околината, при што го намалува ризикот за добивање на казни и можни забрани;
со сертификацијата на Системот за управување со заштита на животна средина од страна на акредитирана сертификациона куќа, ќе и овозможите на вашата фирма  развој, како и подобрување на настапот на домашниот и меѓународниот пазар;
ISO14001 сертификатот на Системот за управување со заштита на животна средина ви овозможува да покажете висок степен на еколошка свест во натпреварувањето за добивање на меѓународни бизниси или во случај на ширање на работењето на локалниот пазар.

ISO45001 – Систем за управување со безбедност и здравје

ISO45001  преставува стандард кој им овозможува  на организациите управување со здравствените и сигурносните аспекти на деловните дејности на делотворен начин, притоа внимателно водејќи сметка за спречување на незгоди, смалување на ризикот и благосостојба на работниците.

Целта на ISO45001 е спречување или намалување на повредите на работното место и подобрување на работните услови. Специфично дизајниран да биде потполно компатибилен со ISO9001 и ISO 14001.

Зошто ви е потребен ISO45001?

• подобрува самодовербата на вашето внатрешно работење во исполнување на корисничките барања, како и на вашиот општ учинок;
• одредување на ризиците кои влијаат на безбедноста и заштитата при работа;
• планови и програми за безбедноста и заштитата при работа;
• намалување на ризикот за безбедност кој произлегува од деловните активности на организацијата;
• зголемување на довербата помеѓу клиентите и инвеститорите околу обврската за управување со безбедност и заштита при работа;
• одржување на коректни односи со своите вработени;
• критериум за учество на тендер;
• подобрување на угледот на организацијата на пазарот.
• Посветеност на безбедноста и заштитата при работа
• организациите се повеќе се преокупирани   со демонстрирањето на својата посветеност за  заштита на здравјето  и безбедноста на работа;
• тоа е најважно за нивните работници, но и  за  клиентите, сопствениците како  и  за  репутацијата на претпријатието;
• освен  тоа,  строгото  законодавство  бара посветеност на заштита  на  здравјето  и безбедноста на  работата;
• клиентите и работниците сакаат доказ за тоа однапред, а исто така и сакаат да знаат дека фирмата ќе продолжи да ги задоволи нивните потреби како сега, така и долгорочно;
• тоа е предизвик, но и прилика фирмата да го намали ризикот и да обезбеди сигурна работна средина.


Придобивки од имплементација и сертификација на ISO45001

• со покажување на посветеност на компанијата на заштитата на здравјето и безбедноста на работата може позитивно да се влијае на вашето интерно работење и да се намали  борјот на незгодите, опасностите и времето на неактивност;
• безбедноста на работниците и квалитетот на работната  средина активно се подобруваат затоа што целите и одговорностите  појасно се идентификуваат, а сите работници се припремени  на  продуктивно однесување со сите идни опасности;
• ISO45001 обезбедува усогласеност со важечките законски прописи и го намалува ризикот од казни и можни судски постапки;
• вообичаената корист од овој сертификат е можноста за аплицирање на меѓународни и јавни тендери;
• усогласување на работнте процеси и работните услови со законските прописи;
ја подобрва генералната слика на oрганизацијата;
• редовните проценки  ви  помагаат  во континуирано следење и користење на вашиот систем за  управување со заштитата  на здравјето и безбедноста  на работата  и неговите процеси;
• се постигнува значаен чекор на подобро во поглед на мотивираноста и посветеноста на персоналот, како и во поглед на разбирањето на нивните одговорности во поглед на безбедноста на работата на нивните работни места;
• ги сведува на минимум повредите на работното место;
• ги заштитува сите вработени во oрганизацијата како и посетителите во организацијата;
влијае врз спремноста на раководството за првовремено отклонување на опасноста;
• дава предност на домашниот и меѓународниот пазар;
• сертификацијата по ISO45001 стандардот ви овозможува да ја покажете својата посветеност на заштита на здравјето и безбедноста на сите кои учествуваат во работната организација.

Нашата методологија е воведување на процесите пропишани во ИСО стандардите е имплементацијата да се реализира преку комбинација на работилници и индивидуални консултации со клиентот.
На заедничките работилници ќе бидат прикажани веќе дефинирани процесни рамки, со дефинирани постапки, улоги и одговорности и врски со останатите процеси и мерења (KPI). Учесниците на работилниците ќе ги идентификуваат процесите во однос на своето работење (постоечки процеси) и ќе извршат мапирање, односно конечно дефинирање.
Преку имплементацијата на овие процеси ќе се остварат подобрувања во однос на:
-    Постојните постапки за работа,
-    Дефинирање на улоги и одговорности,
-    Утврдување на комуникацијата и врските помеѓу процесите, како и
-    Имплементација на различни видови на мерења на ефективноста на процесите.
-    Насоки за евиденција, следење и мерење
-    Идентификација, евалуација и мерење на аспектите за животна средина
-    Целосна усогласеност со законските барања за заштита на животна средина со што се избегнуваат евентуални казни за компанијата
-    Заштеда на ресурси

Со дополнителните индивидуални консултантски сесии и обуки, ќе се работи на имплементирање на процесите во рамките на организација, едукација на вработените опфатени со тој процес, креирање на потребни записи и/или користење на алатки за мерење, односно собирање на записи. Акцентот на овие сесии е во остварувањето на мерењата, кои се неопходни за функционирање на целокупниот систем.
Проектот се имплементира фазно, и секоја фаза започнува со работилница, а завршува со финализирани излезни документи и имплементирани процедури. Во продолжение е даден текот на проектот за имплементација во HASELT.

Бр.   Опис Учесници 
 1.  P-D-C-A Модел на управување  Проектен тим,
2. Процес за преиспитување од страна на менаџментот Врвно раководство,
Проектен тим,
Врвно раководство,
Преставник за квалитет
3. Процес за управување со документација Проектен тим,
Преставник за квалитет
4.  Процес за интерни проверки Проектен тим,
Преставник за квалитет
5.  Процеси за корективни и превентивни мерки Проектен тим,
Преставник за квалитет
6. Матрица на одговорности и овластувања Проектен тим,
Врвно раководство,
7.  Систематизација и опис на работни места Проектен тим,
Врвно раководство,


Во текот на воведната работилница, ќе се предложи и усвои детален проектен план, по кој ќе се раководиме во имплементацијата на проектот.
По секоја работилница се работи индивидуално и 'on-site' и/или со 'back-office' во зависност од расположливоста и динамиката.
Како пред-сертификациска  подготовка, со компанијата ќе се реализира и интерна проверка, и подготовка за преиспитување од страна на раководството како би се затворил циклусот на имплементација и компанијата биде подготвена за сертификацикса проверка.
Испорачуваме консултации пред, во времетрање и по завршување на сертификациската проверка, се до стекнување на сертификатите за компанијата.
Имплементацијата на процесите за справување со инциденти и проблеми, како и целосното управување со конфигурациите, и поврзаноста на информациите со останатите процеси во голема мерка ќе се поедностави и е ефективно доколку се користат апликативни решенија.
Изработка на потребната документација
Во текот на работилниците, испорачуваме структура на содржини на потребните документи и пополнети примери за истите. Исто така, даваме консултации во креирањето на формуларите во кои ќе се пополнуваат записите кои се основа врз која се вршат проверките. Изработката на самите документи, нивно одобрување и воведување во организацијата е одговорност на клиентот, за што е потребно да се обезбедат доволно ресури (лица и нивна расположливост).