ИАСС, здружение за истражување, анализа, стандардизација и сертификација
Во 2019 е оформен регистар на компании кои го потврдиле нивното работење согласно еден или трите стандардни кои засега ги презентира овој регистар
- Стандард за квалитет IASS:2019-2021
- Стандард за општествена одговорност IASS Res.C: 2020-2022
- Стандард за животна средина IASS Env.C:2021-2023
..засега, над 3.000 компании земаат учество во регистарот на сертифицирани компании а нивното присуство е верифицирано со дигитален баркод кој го поседуваат и кој имаат право да го истакнуваат на јавни места.
Сертификатот се издава по претходно извршена анализа на производите/услугите кои ги нудат компаниите како и по анализа на пред-продажниот и пост-продажниот кориснички ориентиран пристап.
Идеата е да се сегметира пазарот на производи и услуги во Македонија по теркот на европските и светски пазари како би се сертифицирале компаниите кои нудат квалитет т.е квалитет производно/услужната понуда.Со стекнување на овој тип на сертификат ќе се намали хаотичноста на пазарната понуда со што сертифицираните компании би добиле зголемена продажба а корисниците (купувачите) би добиле поголема доверба во производите/услугите кои ги купуваат.
Компаниите кои се стекнале со ИАСС Сертификат го верифицираат нивното правилно работење со процедурално заверена и прифатена потврда.
Нашиот тим се состои од професионални и независни аналитичари и анкетари кои со голема прецизност ќе ја извршат неопходната анализа и проценка пред издавање на сертификатот.
ВАШИОТ УСПЕХ Е НАША ЦЕЛ
СО ПОЧИТ
З.Г ИАСС
З.Г ИАСС