"Сертификат за општествена одговорност IASS: Res.C 2020-2022"

Сите сертификати издадени од нас се заверени и потпишани од овластен/сертифициран аудитор/контролор за квалитет.

Што е општествена одговорност
Општествената одговорност на претпријатијата претставува одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој и ги зема предвид очекувањата на засегнатите страни, во согласност е со меѓународните норми и е интегрирано низ целото претпријатие.

ООП е начин на водење бизнис. Директно е поврзано со одржливиот развој барајќи компанијата да погледне во своите финансиски, социјални и еколошки перформанси. ООП треба да биде стратешки интегрирано целосно во бизнис процесот на компанијата, синџирот на снабдување, производите, како и во односите со клиентите. ООП е во совршена согласност со потрагата на компанијата за олеснет пристап на пазарот, зголемена продуктивност или намалување на оперативните трошоци. Општествената одговорност не претставува само донирање, иако тоа е од витално значење за доброто на секоја заедница, но сепак тоа не е компензација за потенцијалните ефекти на деловното работење на компанијата, како што се: загадувањето; зголеменото искористување на природните ресурси; условите за работа на вработените и благосостојба на нивните семејства; корупцијата и др.

Иако општествената одговорност пред се преставува начин како одговорно да делува претпријатието во заедницата, сепак од ваквиот начин на раковдење со бизнисот произлегуваат многу придобивки:

  • Штедење: ОО практиките водат директно кон намалување на оперативните трошоци (помалку отпад; инпути на енергија и материјали; ефикасно користење на ресурсите; намалување на трошоци за амортизација итн.);
  • Подобрен пристап до глобалниот пазар и ланци на снабдување: Меѓународно, ООП е конкурентска предност. Врвните компании сè повеќе бараат нивните добавувачи да бидат во согласност со социјалните и еколошките стандарди;
  • Пристап до финансии: Кај некои финансиски институции услов за пристап до кредити е водење на социјално и еколошко одговорен бизнис, а движењето за општествено одговорни инвестиции постојано расте;
  • Управување со ризици: Интегрирањето на ООП овозможува предвидување на ризиците и брза реакција во однос на можните штетни последици;
  • Зголемена продажба: ООП активностите се поврзани со вредности, а вредностите го определуваат изборот на клиентите. ООП може да обезбеди нови и лојални клиенти кои ќе се идентификуваат со Вашите активности. Одговорното однесување на потрошувачите рапидно расте. На околу 25% од потрошувачите во земјите на ЕУ социјалниот имиџ на компанијата им е важен кога одлучуваат што да купат;
  • Развој на бренд: добрата репутација придонесува за развој на брендот. 2/3 од Европејците сметаат дека одговорноста за вклучување на приватниот сектор во општествените прашања расте. Околу 90% од Македонците веруваат дека компаниите треба да имаат поактивна улога во решавањето на проблемите во заедницата. Репутацијата на одговорен работодавец може да помогне во привлекувањето на поквалификувани и продуктивни вработени;
  • Ефикасност и подобрена лојалност на персоналот: Задоволна и здрава работна сила е директно поврзана со зголемена продуктивност, помалку несреќи, подобар квалитет, помалку менување на персоналот и повисоко ниво на лојалност;
  • Иновации: ООП во бизнисот ја зголемува иновативноста и често бара размислување „надвор од границите“. Многу еколошки и социјални иновации произлегуваат од ОО практики.

 

Принципи за општествена одговорност
1. Економската одговорност се однесува на очекувањата на општеството дека организациите ќе произведува добра и услуги кои се потребни и посакувани од страна на клиентите и ќе ги продаваат тие стоки и услуги по разумна цена.

2. Правната одговорност се однесува на очекувањата, рганизациите да работат во согласност со законите кои ги третираат и прашањата на добро владеење и почитување на конкуренција на пазарот, вклучително и законите за заштита на производи,за заштита на потрошувачите, како и законите за животната околина и вработувањето.

3.Етичката одговорност се однесува на општествените очекувања компаниите да сторат повеќе отколку што самиот закон го бара, односно да сторат особени напори во насока на предвидување и задоволување на општествените норми, во смисла на реализирање на сите деловни функции и активности на фер и праведен начин.

4. Дискреционата одговорност на корпорациите се однесува на очекувањата на општествотдека организациите бидат добри граѓани. Ова може да вклучува работи како што се филантропска поддршка на програми кои се во корист на заедницата или на нацијата. Таа, исто така може да вклучува пружање на стручна експертиза за остварување повисоки заеднички или општествени цели.

 

ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ
Иако, традиционално, претпријатието се посматра како субјект кој е примарно, ако не и единствено, одговорен на неговите сопственици или акционери, концептот на Општствена одговорност бара од претпријатијата да прифатат поширок обем на одговорности кои не ги вклучуваат само акционерите, но и многу други субјекти.
Во таа смисла како засегнати страни кои се вклучени и кои ја анализираат и вреднуваат општесвената компонента и придонес на претпријатијата се: вработените и нивните синдикати , добавувачитеи клиентите, локалната заедница, локалнитеи државните власти, невладините здруженија и други форми на здружувања , интересни групи и поединци

 

СФЕРИ НА ДЕЛУВАЊЕ
Претпријатијата се справуваат со широк спектар на општествени прашања и проблеми , при што, некои се директно поврзани со нивното работење, а некои не. Во таа смисла многу тешко е да се набројат и опишат сите општествени прашања кои се предмет на интересирање на компаниите. Имајќи го во предвид поширокото дефинирање на концептот на ООП , може да се издвојат следите сфери на делување на бизнисот , по однос на нивната општествена одговорност и тоа:

Владеење: постоење на јасни принципи на управување и раководоење, етичко однесување кон вработените, транспарентност и отчетност во работењето на компаниите , избегнување на активности што би предизвикале конфликт на интереси , почитување на интерните кодекси, правила и законот.

Управување со ризиците:запазување на принципите на здравје и сигурност, безбедност на производи, заштита на потрошувачите, примена на одговорни деловни практики, вклучувањње на засегнатите страни , градење одржување на репутација.

Синџир на вредности ( value chain) -одговорни јавни набавки, управување со мрежата на добавувачи и нализа на добавувачи, следње на повратните информации од добавувачите, фер-трговија.

Социјални: човековите права, ангажирањето во заедницата, филантропски активности, добротворни донации волонтерство, социјални бенефиции, градење на локалните капацитети, вложување во градње на добри односи и соживот.

Вработени: морал и задоволство при работа , остварување на рамнотежа помеѓу социалниот живот и работата, негување на внатрешниот култура (транспарентност), безбедност на работното место, примањата, разновидност при работата, еднакви можности за вработените , можности за обука и напредување во кариерата.

Животната средина:избегнување на креирање на отпад и загадување, еко-ефикасност, произведување на производи за рециклирање, обезбедување на одржливост, контрола на емисиите на гасови, активности за спречување на континуирано намалување на одредени ресурси .

 

Сертификат за општествена одговорност IASS: Res.C 2020-2022, со важност до 2022!

Sertifikat IASS RES.C 2020-22 - opstestvena odgovornost-slika-web